-->
-->
Четворица уапсени при акција на косовската полиција во северна Митровица
-->
Косовската полиција денеска уапси четири лица, тројца мажи и една жена, при контрола на три локации во северниот дел од Косово - две во Косовска Митровица и една во Звечан, при што е запленето оружје и друг доказен матееријал, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според портпаролот на регионалната полиција во Косовска Митровица, Бесим Хоти, акцијата е преземена по налог на надлежен суд „по неколкуте сериозни случувања на северот на земјата“.
По налог на обвинителот на уапсените им е одреден 48-часовен притвор.
Запленетиот пиштол и другиот доказен материјал ќе послужат за натамошната истражна постапка, соопшти полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата