Македонија
11. September 2018 - 10:33

Четворица тинејџери од Куманово фатени со 400 грама марихуана кај Желино

Вчера околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишник, сите од Куманово.

По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана.

Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.