Четворица руски војници убиени при напад на бунтовниците во Сирија
Четворица руски војници загинаа, а тројца други се ранети, при на напад на сириски бунтовнички борци во провинцијата Дејр ез-Зур во источниот дел на Сирија, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се посочува дека руските војници загинале кога во текот на минатата ноќ „неколку мобилни групи на терористите извршиле напад врз артилериска батерија на сириските владини сили“.
Според Министерството, при нападот биле убиени двајца „руски советници“, а петмина други биле ранети. Ранетите „советници“ биле веднеш пренесени во руската воена болница, каде двајца од нив подоцна им подлегнале на здобиените повреди,
Во соопштението се посочува дека по нападот запонале борби, кои траеле околу еден час, при што „сириските војници заедно со руските советиници“ ликвидирале 43 бунтовнички борци и уништиле шест џипови на кои биле монтирани тешки пушкомитралези.
Руското Министерство не посочува за загуби во редовите на сириските владини сили при борбите.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та