Свет
7. November 2017 - 9:10

Четворица руски новинари и петмина војници ранети во Сирија

Четворица руски новинари од телевизиите „Ѕвезда“ и НТВ и петмина припадници на Вооружените сили на Русија се ранети синоќа, откако „терористи“ истрелале наведуван проектил во сирискиот град Деир ез Зор, соопшти руското Министерство за одбрана. 

ТАСС јави дека сите повредени се пренесени во руската воздухопловна база Хмејмим, каде им е укажана медицинска помош. 

Руското Министерство наведе дека повредените лица се надвор од животна опасност.