Македонија
9. December 2019 - 11:19

Четворица повредени во сообраќајка на крстосница во Визбегово

Вчера во 15.40 часот на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(52) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.