Македонија
17. February 2018 - 19:23

Четворица повредени во инцидент во Бутел

Четири лица завршија во болница со телесни повреди по физичка пресмета која се случила попладнево околу 15 часот во скопската населба Бутел..  

Инцидентот кулминирал со доаѓањето на двајца браќа инаку вработени во специјалната единица алфи за кои нема информации од полицијата дали таму биле повикани на должност..

Тие заедно со нивниот зет за сестра биле пред куќата на неговите двајца браќа каде со еден од нив почнале вербална расправија која за кратко прераснала во тепачка, а во меѓувреме пристигнал и другиот брат кој со автомобилот удрил во алфите и нивниот зет а потоа со пиштол и неколку пати пукал во воздух..

Малкумина од соседите сакаа да го коментираат инцидентот..

Двајца од повредените во тепачката завршиле во болницата 8-ми септември, а другите двајца се пренесени во Ургентниот центар и болницата Св. Наум Охридски..

Според лекарите, сите се здобиле со телесни повреди.. Еден од учесниците во тепачката бил веднаш приведен и е пренесен во полициската станица Чаир..

Увидна екипа на полицијата правеше увид на местото, а за инциденот сведочеше пиштолот и двете чаури на средина од улицата..

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот и велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот..