-->
-->
Четворица пациенти во тешка состојба поради компликации од морбили
-->
Освен 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и двајца возрасни се во тешка состојба, информираат од Инфективна клиника.
Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани. Станува збор за две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик, 11-месечно бебе од Гостивар и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.
На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето