Четворица новозаразени со коронавирус во Кичево и тројца излекувани
Од новите 115 регистрирани случаи со Ковид-19 во земјава, четворица се од Кичево, а тројца пациенти од овој град се излекувани.
Со денешните четири новозаболени од коронавирусот, вкупниот број на заразени во општина Кичево порасна на 48. Од оваа бројка 39 се активни случаи, осум граѓани се излекувани, додека едно лице почина.
Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел се наоѓаат на домашно лекување и во целосна изолација, додека помал дел се на инфективното оделение во Битола.
– За среќа денеска имаме и тројца излекувани, ја користам можноста уште еднаш да апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките за зашита од нивна страна, вели градоначалникот Фатмир Дехари кој воедно е и претседател на Кризниот штаб на општина Кичево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица