Кошарка
22. September 2020 - 11:59

Четворица кандидати за тренер на Чикаго булс

Раководството на НБА лигашот Чикаго булс го скрати списокот на претенденти за тренерската функција по интервјуата со неколку кандидати.

„Биковите“ беа воодушевени од интервјуата со Вес Анселд-јуниор, Ајме Удок, Дарвин Хем и Кени Аткинсон, објави „ The Athletic“.

Помошникот тренер на Филаделфија, Удока првично се сметаше за фаворит, но Анселд-јуниор од Денвер влезе во сериозна конкуренција по успешниот плејоф на неговиот тим.