Македонија
22. February 2016 - 16:46

Четворица Црногорци и еден македонски државјанин заработија прекршочни пријави за тепачката на кејот на Вардар

Масовната тепача во Скопје меѓу навивачи заврши со прекршочни пријави. 5 лица од кои 4  државјани на Црна Гора платија глоба за насилство и недостојно однесување пред почеток на спортски натпревар. Навивачите на Будуќност и ЖРК Вардар во вчерашната тепачка се здобиле и со телесни повреди. Еден од комитите заврши во Ургентниот центар , а лекарска помош им е укажана и на две лица од  Подгорица. По пцовките и навредите во кафуле на кејот кај ГТЦ, навивачите почнале да се удираат со разни предмети кои им дошле пред рака, по што навивачите на Будуќност избегале во правец на Холидеј Ин каде ги пресретнала полицијата.

- Приведени беа 23 црногорски државјани, а прекршочни пријави се поднесени против четворица црногорски државјани и еден македонски државјанин.ПРиведените по констатираниот прекршок вечерта биле ослободени од ПС Кисела Вода и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце.

Тепачката меѓу навивачките групи се случи непосредно пред почеток на ракометниот натпревар од лигата на шампионите  меѓу  ракометарките на Будуќност и Вардар кој се одигра во СЦ Јане Сандански.