Свет
20. November 2016 - 11:37

Четворица бразилски полицајци загинаа при уривање на хеликоптер

Четворица припадници на полицијата загинаа синоќа во Бразил при уривање на полициски хеликоптер.

Несреќата се случи во близина на еден сиромашен кварт во Рио де Жанеиро.

Се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот и дали некој е повреден на земја.

Хеликоптерот учествувач во операција против трговијата со дрога во таа област.