Посочи дека навистина е тешко да се биде сведок на огромната поделеност меѓу македонскиот народ.
-Душата ме боли кога гледам како другари од моето детство па дури и семејства дозволија работата да отиде толку далеку да веќе практично не се поднесуваат. Инспирацијата секогаш сум ја црпел од позитивните и ведрите страни на животот. На моите настапи дома во Македонија сум се трудел да ширам најискрена љубов и колку можам мојата публика да ја обединам. По природа сум космополит, и верувам дека само така имаме шанса сите на овој свет. Ги сакам сите култури, народи и традиции но најпрво си го засакав својот народ бидејќи за мене да живееш без љубов кон своето е како да лебдиш во космосот без гравитација, како душата да ти е вечно осудена на талкање. Така сум бил воспитан. Токму таа љубов ми даде основа да ги сакам и сите други но ми даде и полет тоа што го правам да го правам најуспешно што можам. Верувам дека ќе најдеме мирно и паметно решение и дека ќе ги надминеме разликите, страстите и себичните потреби и ќе и дадеме предност на меѓусебната почит и помирувањето на македонскиот народ, а со тоа и стабилноста дома во Македонија. Да ние вечна Македонија и да ни е вечен македонскиот народ, образложи Четкар.