Спорт плус
6. January 2016 - 21:38

„Четирите скокалници“ за Словенецот Превц

Словенецот Петер Превц победи на 64.то издание на Новогодишната турнеја „Четири скокоалници“. Тој победи на три од четирите натпревари (Гармишпартенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен).

На вечерашниот натпревар во Бишофсхофен во двете серии имаше скокови со должина од 139 и 142,5 метри. Второто место му припадна на Германецот Фројнд, а трет беше Австриецот Хајбек.
Истиот пласман беше и во рамките на Новогодишната турнеја.
Ова за Превц беше 12.та победа во Светскиот куп или 6.та оваа сезона.
Превц е прв Словенец со триумф на „Четирите скокалници“  по Приморж Петерка во 1997 година.