Балкан
1. August 2021 - 15:15

Четиригодишно девојче пронајдено мртво во прегреан автомобил во Бања Лука

Телото на четиригодишно девојче е пронајдено во автомобил во двор на куќа во Доња Пискавица, село Драгичевиќ, јавуваат локалните медиуми.

Според Независне новине, причината за смртта била топлина, односно екстремно прегревање.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител наредил да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.