Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје
Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.
– Пријавените треба да бидат на возраст над 18 години. Досега меѓу пријавените нема жени. Кандидатите прво прават бесплатен лекарски преглед во Спортска медицина, кој е задолжителен, по што се пријавуваат во Македонската архиепископија, информираат од Скопската епархија.
Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува на 17 јануари.
Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.
Освен во Скопје, крстови ќе бидат положени и во водите низ останатите скопски општини и градови во државава.
Празникот Водици се слави од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа цела година
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.