-->
-->
Четириесет години сценографско сликарство на Живојин Трајановиќ
-->
Во рамки на програмата на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ синоќа во галеријата на Локалната установа „Градски музеј“- Крива Паланка се одржа изложбата 40 години сценографско сликарство на академски-сликар, сценограф, Живојин Трајановиќ.
- Градскиот музеј како локална установа годинава за првпат се вклучува во организацијата на придружни манифестации во склоп на комплетната програма на фестивалот и сметам дека ваквите настани се исклучително важни затоа што овозможуваат пошироко и шпообемно да се празнува театраската уметност, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градкси музеј, крива Паланка.
- Ретроспективата е емотивно патување и благодарност до авторот што ни дозволи да уживаме во него, а величината на Живојин е што со делата со еднаква уметничка магија ги вовлекува во уметноста и убавината на своите дела сите возрасти љубители на уметноста, од најмлади до најстари. Ова е трето поставување на ретроспективата, по Скопје и Куманово ,а со оваа збирка Живојин со сигурност го обезбеди своето место во друштвото на големите уметнички великани, рече на отворањето амбасадорот на Србија во Македоонија, Душанка Дивјак-Томиќ.
Професорот и критичар Владимир Величковски истакна дека ретроспективата на сценографската уметност врамена во четиридецениската работа на авторот има вонвременска вредност и ретка е можноста да се ужива во истата.
- Предизвик е сценографијата да се овековечи, а Трајановиќ е еден од ретките автори кој има завршено сценпграфија и остручено, грижливо и предадено ја собира својата уметничка работа во макеодоснката опера и балет и Македонскиот народен театар, рече Величковски.
Во градската уметничка галерија во Крива Паланка се изложени 40 дела од изложбата 40 години сценографско сликарство на академски-сликар, сценограф, Живојин Трајановиќ, која ќе бид еотворена за посетители до крајот на септември, а во октомври, според програмата на Локалната установа „Градски музеј“-Крива Паланка следува изложбата на фотографии во соработка со „Фото-сојуз“ на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица