Свет
26. јуни 2021 - 17:40

Четири жени загинаа при уривање на зграда во Египет

Четири жени загинаа при уривање на станбена зграда во северниот египетски град Александрија.

Четворица преживеани беа извлечени од под урнатините на зградата, која била стара петокатница и се наоѓала во центарот на градот. Во 2018 година била издадена наредба за голем ремонт, а властите тогаш наредија да се урне последен кат.

Неколку згради се срушија во Египет во последните неколку години, предизвикувајќи многу жртви. Во центарот на Каиро и Александрија, многу од зградите се од 19 век и почетокот на 20 век. Долго време таму живееше локалната буржоазија или беа сместени престижни јавни институции. Но, денес многу од овие згради се напуштени или се во лоша состојба.