Балкан
9. April 2016 - 12:24

Четири жени и едно дете се удавија во Егејско Море на пат кон островот Самос

Петмина мигранти - четири жени и едно дете утрово се удавија во Егејско Море, во близина на островот Самос. Несреќата се случила кога се превртел чамецот со кој тргнале од брегот на Турција.

- Пет лица се живи и здрави, но едно дете и четири жени загинаа кога се преврте гумениот чамец, долг 3,5 метри, соопшти грчката крајбрежна стража.

Инцидентот се случи еден ден откако со два ферибота беа вратени над 120 мигранти од грчкиот остров Лезбос во Турција. Тоа беше втора акција за враќање на мигранти во Турција, во согласност со Договорот меѓу Европска унија и Анкара за запирање на бранот мигранти преку Егејско Море во Европа.