Четири скопски општини досега добија градоначалници во првиот круг
Четири скопски општини, според досега објавените податоци од ДИК, добија градоначалници во првиот круг од локалните избори.
Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,79 отсто од гласовите пред Велимир Смилевски од СДСМ со 40,01 отсто, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ со 60,07 отсто од гласовите пред Борис Георгиевски од СДСМ со 29,45 отсто. Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53 отсто од гласовите пред Филип Темелковски од СДСМ со 27,46 отсто, а во Сарај старо-нов градоначалник е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10 отсто освоени гласови пред Керим Мамути од АА и Алтернатива со 17,65 отсто.
Во Аеродром од обработени 74,19 проценти од гласовите, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ има 56,29, а Александар Филиповски од СДСМ 25,68 отсто од гласовите.
Во Центар од преброени 91,03 проценти, води Горан Герасимовски од СДСМ со 40,38, пред Наташа Котлар Трајкова дод ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 33,25 отсто од главоите.
Во Карпош од обработени 94,59 отсто, најмногу гласови има Душко Весковски од СДСМ 33,47, а втор е Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ со 24,08 отсто.
Втор круг ќе има и во Шуто Оризари каде што Ферат Асан од СДСМ доби 37,18 отстоод гласовите пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 25,46 отсто.
Во Чаир се обработени сите избирачки места и за градоначалник во вториот круг ќе се тркаат Висар Ганиу од ДУИ 48,90 и Беким Сали од АА/Алтернатива 36,98 отсто од гласовите.
Во Ѓорче Петров од преброени 83 отсто од гласовите, води Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,81 отсто од гласовите пред Александар Наумоски од СДСМ со 33,89 отсто.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено