Четири пожари изминатото деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане
– Четири пожари се случиле на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, изминатото деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
На три различни локации горела сува трева, а бил опожарен и автомобил во близина на територијалната противпожарна единица Куманово, вчера попладне. Пожарникарите успеале го изгаснат за десет минути од 16:35 до 16:45 часот.
– Во пожарот нема повредни лица, пренесе информација РЦУК Куманово.
Сува трева и стрниште гореле во кумановското Агино село во 14:40. Пожарникарите го гаселе повеќе од два часа.
Во општина Старо Нагоричане горела сува трева и нискостеблести дрвја во Жегљане и сува трева во село Младо Нагоричане. На двата пожари, интервенирала по една екипа на противпожарната единица на Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто