Четири пожари беснеат во Кавадаречко
Четири пожари беснеат во моментов во Кавадаречко, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци ја потврдија информацијата за МИА.
– Гори над селото Ваташа, таму има две наши и една екипа од „Македонски шуми“. По една наша екипа гасне и кај Фариш и Росоман. Пламените јазици се движат кон првите росомански куќи. Под ридот Љубаш кој се смета за бели дробови на Кавадарци, интервенираат од „Македонски шуми“, нагласи Александар Чадамов, командир на единицата.
Додаде дека активни им се сите расположливи ресурси, интервенираат дваесетина лица, а во гаснењето учествуваат и пожарникари кои не се на смена.
Апелира за подигнување на еколошката свест кај населението, со цел да нема пожари и штети.
Петко Ристовски од „Македонски шуми“ посочи дека континуирано има многу пожари во регионот. Апелира на внимателност затоа што сувата трева е како барут.
Ново на Сител
-
МНР: Почетокот на преговорите со ЕУ ги дава првите резултати
-
Вонредна седница на Владата: Македонија одвојува 6 милиони денари за Турција
-
Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден
-
Пендаровски и Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
-
Славески: Свикав итен состанок за согледување на можностите за испраќање хуманитарна помош за Турција и Сирија
-
Турција бара од НАТО медицински персонал и теренски болници
-
Средба на министрите на ЕУ за помош на Украина за членство во Унијата
-
Поевтинуваат горивата од полноќ