Македонија
9. November 2019 - 12:46

Четири момчиња повредени во сообраќајна несреќа во гостиварско

Вчера околу 23 часот и 40 минути на локалниот пат  село Зубовце – село Дебреше, гостиварско, момче од село Врапчиште, гостиварско, управувајќи патничко возило „мицубиши пајеро“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(24) од с.Врапчиште, додека возачот и сопатниците Е.З.(23) и Ч.Ш.(24), двајцата од с.Врапчиште, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Гостивар.