Тенис
6. March 2017 - 17:10

Четири млади тенисери на ќе учествуваат на шампионати во Анталија

Четири млади тенисери од Македонија заедно со селекторот Дејан Маринковиќ во следните две недели ќе бидат дел од двата шампионати за играчи до 14 години. Македонија заедно со уште 16 други држави ќе биде дел од Источно Европските првенства за млади тенсиери што ќе се играат во Анталија.

За Македонија ќе играат: Берк Бугариќ и Борис Мркев во машка конкуренција и двајцата членови на ТК Југ, а кај девојчињата ќе играат: Стефанија Кировска од ТК Југ и Јана Стојанова од ТК Теннис парк Скопје.

Натпреварите на првиот турнир почнуваат утре и ќе трае до 11.март, додека на 12.март е слободен ден. Вториот турнир ќе почне на 13.март и ќе трае до 17.март. Во текот на денешниот ден тенисерите и тенисерките ќе бидат дел од тренинг кампот.