Македонија
24. November 2017 - 17:02

Четири малолетници од Струмица спречиле грабеж над 80-годишна жена

Четворица малолетници спречиле да биде ограбена осумдесетгодишна старица од Струмица и помогнале да се  фати крадецот. Настанот  кој полиција го води како разбојништво се случил во вечерните часови во близина на струмичкиот парк каде 21 годишна жена од селото Просениково од зад грб ја напднала осумдесегодишната старица и  ја турнала на земја , а потоа во обид да и ја одземе чантата ја влечела околу еден метар. Откако успеала во намерата тргнала да бега.   За цело време додека била напаѓана и влечена старата жена гласно викала и барала помош.  Нејзиниот лелек го слушнале четири деца и веднаш притрчале, а откако разбрале за што се работи трчајки тргнале по напаѓачката која веќе стасала до такси возило во кое било оставено нејзиното бебе, со намера да замине.

,, Едно од децата застанало пред возилото кажувајkи му на возачот дека жената има украдено ташна и соборено жена на земја, притоа одземајќи и ја ташната. Додека сите деца и возачот разговарале  пријавената  излегла од такси возилото си го зела бебето и со трчање се дала во бегство.  Деца и ја вратиле ташната на оштетената која откако проверила забележала дека и е украден паричникот во кој имала парични средства и лични документи.,, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР СТрумица

Освен претрпениот стрес и страв  осумдесетгодишната жена при нападот се здобила и со тешки телесни повреди кои биле констатирани од страна на лекар кој и ја укажал неопходната медицинска помош. Откако бил пријавен  настанот од СВР Струмица се  превземени мерки за пронаоѓање на жената која го извршила кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот против 21 годишната Е.Ѓ.   Изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица.