Македонија
30. April 2020 - 9:55

Четири македонски градови без заразени од Ковид-19

Ресен, Берово, Кратово и Свети Николе се без регистриран позитивен случај на Ковид-19.

Новите податоци за коронавирусот во државава, покажуваат дека се регистрирани 1.442 заболени, 627 излекувани, 73 починати и 742 активни случаи.

Заболени од коронавирус се регистрирани во: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се 52 пациенти од кои 28 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 35 пациенти од кои со потешка клиничка слика се пет пациенти, а шест се на механичка вентилација.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 269,1 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (154,2/100.000) и Велес (104,1/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 684 машки и 758 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 66,0/100.000, додека кај женските 73,4/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 301 (20,9%) со инциденца од 78,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 107,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (299 заболени) (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,3 и 23,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 59 случаи соодветно.