Свет
1. August 2017 - 16:33

Четири лица загинаа во пукотници во Регионалниот суд во Москва

Четири лица загинаа во пукотниците во Регионалниот суд во Москва, јавија западни медиуми, повикувајќи се на адвокат, кој во моментот на нападот се наоѓал во Судот.

Претходно ТАСС објави дека во инцидентот се ранети две лица, стражар и судски службеник. 

Судска службеничка и вооружен стражар наводно се ранети кога во зградата на Регионалниот суд во Москва се испукани куршуми, изјави адвокатката Софија Рубаскаја за ТАСС.

Таа се наоѓала во зградата во моментот на пукотниците.

- Бевме на друго судење кога ги слушнавме пукотниците. Истрелани се повеќе од 20 куршуми. Почнавме да се евакуираме. Ги видов ранетата судска извршителка и нејзиното крваво лице. Подоцна некој кажа дека вооружен чувар е повреден, рече Рубаскаја. 

Во руските медиуми се појави информација дека до пукотниците во Регионалниот суд дошло за време на разгледување на случај против наводните припадници на т.н. банда Ге-Те-А. 

Наталија Осипова, портпарол на Регионалниост суд Москва изјави дека инцидентот се случил за време на сослушување на криминална банда од девет лица, кои се обвинети за тероризирање на московските патишта, убивајќи повеќемина моторџии. 

Вооружен напаѓач на Ге-Те-А ги разоружувал стражарите, а потоа почнал да пука.