-->
-->
Четири лица загинаа, а 240 се спасени при превртување на ферибот на Филипини
-->
При превртување на ферибот што патувал од пристаништето Реал, кое се наоѓа 70 километри источно од филипинскиот главен гард Манила, до островот Полило, загинаа четири лица, седуммина се водат како исчезнати, а 240 се спасени, меѓу кои има и повредени.
Несреќата се случила поради бурата и обилни дождови. На фериботот се наоѓале 251 лице.
Крајбрежната стража наведе дека, фериботот со тежина од 206 тони, не бил претоварен, бидејќи имал капацитет за 286 лица, како и дека нема детални информации како се случила несреќата.
Спасувачката акција, во која учествуваат чамци на крајбрежната стража и воени хеликоптери, ја попречуваат лошото време и високите бранови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО