Loading Video...
Свет
27. јуни 2021 - 16:30
Четири лица се убиени, а две се повредени во вооружена престрелка на плажа во Албанија
Четири лица се убиени, а две се повредени во вооружена престрелка на плажа во Албанија. Причина за инцидентот е расправија помеѓу две семејства за поставуавње на лежалките на плажа.
Престрелката се случила на плажата Пулај во познатото туристичко место Велипоја во северниот дел на Албанија. Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, а двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Албанските медиуми пренесуваат дека настанот многу негативно ќе се одрази врз стартот на туристичката сезона во земјата.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->