Свет
10. February 2017 - 11:26

Четири лица приведени во Монпеље поради осомниченост за подготовка на терористички напад

Четири лица меѓу кои и едно 16-годишно девојче се приведени денеска во францускиот град Монпеље, осомничени дека подготвувале терористички напад.

Според информации на телевизијата Ем-5, групата има намера да изврши напад на терористи самоубиец во туристичка зона во Париз.

При претресот кај лицата биле најдени експлозивни направи и компјутери. Полицијата им влегла во трага преку набљудување на социјални мрежи.