Четири лица осомничени за кражбите во девет цркви и во куќи во Тетовско
Четири лица, од кои тројца малолетнице се осомничени за 14 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“, кои што биле извршени во девет православни цркви и во пет куќи во текот на јануари и февруари на подрачјето на СВР Тетово.
Како што соопшти МВР, осомничени сторители на кражбите во црквите се двајца малолетници, едниот З.А. (16) од с. Озормиште, тетовско а другиот Н.Р. (16) од Тетово, како и А.А. (18) од Тетово.
- Тројцата се сомничат за тешки кражби во црквите во: селата Фалише, Радиовце, Туденце и во неколку црковни објекти во Тетово, при што биле одземени околу 30.000 денари и две мали икони (од црквата во с. Фалише). Истовремено, овие лица заедно со уште еден малолетник - М.А. (17) од село Озормиште, се осомничени дека се сторители и на петте тешки кражби во куќи на лица што времено се вработени во странство, наведуваат од МВР.
Осомничените насилно влегувале во куќите и одзеле седум телевизори и разновиден алат. Подоцна, украдените предмети ги продавале на други лица. Одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.
Против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак