Македонија
29. April 2020 - 10:44

Четири лица од Делчевско не ја почитувале мерката за ограничено движење

Четири лица од делчевскиот регион не го почитувале полицискиот час во изминатите 24 часа. Според соопштението на полицијата, се работи за лица на возраст од 22 до 53 години.

– Се работи за лицата Б.П.(36) од село Тработивиште, делчевско, П.С.(38).и Д.Д.(22) и двајцата од Делчево, како и М.К.(53) од делчевското село Вирче. Пријавените, во период од 31.03.2020 до 27.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, информираат од полицијата.

Кон истите лица, како што додаваат ќе биде поведена прекршочна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.