Македонија
22. November 2015 - 19:30

Четири катни гаражи ќе се градат во Охрид

Четири катни гаражи ќе добие Охрид  .Овие капитални проекти со кои ќе се реши целокупното движење во сообраќајот ќе стартуваат на почетокот од следната година . Двете катни гаражи кои ќе се градат од државата ке бидат во централното градско подрачје зад Ривиера и кај Депандансот додека останатите две од страна на локалната кај Пазарот и Горна Порта.

Дел од улицата Кеј Македонија па се до Билјанини Извори, ќе стане едно современо шеталиште уредено по светски стандарди а дел ќе биде едносмерна, од која возилата ќе имаат можност за влез и паркирање во катната гаража.

Во главниот туристички центар со околу две илјади паркинг места ќе се реши хаосот во сообраќајот  особено во летниот период.