Loading Video...
Фудбал
16. October 2018 - 20:03

Четири грешки на Димитриевски и пораз на Македонија кај Ерменија со 0-4

Фудбалската репрезентација на Македонија, го претрпе првиот пораз во Лигата  на нации. 
 
На гостувањето во Ереван кај Ерменија, црвено-жолтите се поразени со 3:0, а четири гола одат „на душа“ на голманот Столе Димитриевски. 
 
Уште во 12.минута по ударот од над 25.метри на Маркос Пазели  и големата грешка на Димитриевски им донесе предност на домаќините од 1:0. 
 
Во 26 минута не беше досуден пенал за нашата селекција. По двојното проигрување меѓу Барди и Пандев, фудбалерот на Леванте беше соборен во казнениот простор на домаќините. Но, шведскиот судија Стромбергон наместо да покаже да белата точка, а патем и црвен картон за домашниот фудбалер,  тој покажа да продолжи играта, па на првиот прекин им покажа жолти картони на Пандев и Ристовски. 
 
И во вториот дел Ерменците беа оние кои имаа повеќе шанси, а еднаш ја погодија и гредата од голот на Димитриевски, кој пак во 67.минута по лошиот дегажман му овозможи на Мовсисјан да се запише во листата на стрелците. 
 
Крајот на „ноќната мора“ на Димитриевски не беше ниту слободниот удар на Газариан во 81.минута кој од 20-тина метри биеше по средината на голот, кој Димитриевски не успеа да го скроти, па од неговите раце топката повторно заврши во мрежата, туку голот на Михтариан во 90+4 минута, речиси идентичен како и претходниот 
 
Но, и покрај поразот Македонија останува лидер на табелата во 4.група со 9 бодови,пред Ерменија која сега има 6, односно Лихтенштајн и Гибралтар кои собраа по три бодови, а кои пак вечерва го играат својот меч од четвртата рунда. 

Последните две кола, Македонија ќе ги одигра на гостински терен, прво на 16 ноември кај Лихтенштајн , а три дена подоцна (19.ное.) кај Гибралтар.