Loading Video...
Фудбал
12. May 2022 - 10:35

Четири гола на Де Брујне во победата на Сити од 5-1 над Вулверхемптон

Кевин Де Брујне постигна четири гола за Манчестер Сити кој со 5-1 славеше победа на гостувањето кај Вулферхемптон во мечот од 36-тото коло на англиската Премиер лига. 

Белгискиот репрезентативец по само 24-минути игра веќе оствари хет-трик, а четвртиот гол го постигна во 60-тата минута. Во листата на стрелци се впиша и Стерлинг, додека почесниот гол за домаќините го постигна Дендонкер. 

Со оваа победа Манчестер Сити ја одржа предноста од три бодови во одност на Ливерпул во трката за шампионскиот трофеј. 

Сити до крајот на сезоната ќе игра против Вест ХЕм на гости и Атон Вила на домашен терен во последното коло, додека Ливерпул за противници ќе ги има Саутемптон и Вулверхемптон, но во меѓувреме во сабота црвените од „Енфилд“ против Челзи ќе го играат финалето во ФА Купот.