Четири дена по ред паѓаат цените на нафтата заради стравот од последиците од коронавирусот
На Лондонската берза цената на нафтата минатата недела падна за 4,2 отсто, на 58,16 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,8 отсто, на 51,56 долари.
Остриот пад на цените е последица на ширењето на коронавирусот во Кина, од кого досега починаа над 360 лица, а заразени се над 17.000. Притоа случаи на овој вирус се забележени и во сите кинески провинции и во дваесетина земји од светот.
Кина презема серија мерки за спречување на ширењето на заразата, од карантини во неколку градови до забрани за јавно собирање, но вложувачите се загрижени додека се прават проценки колкав може да биде негативниот ефект врз економијата.
Воздухопловните компании ги откажуваат летовите за Кина и надвор од неа, а многу компании привремемно го прекинаа работењето со Кина.
Аналитичарите сметаат дека ширењето на коронавирусот, како што своевремено беше случајот со САРС-от, најмногу ќе ги погоди туризмот и довервата на потрошувачите, па затоа се очекува и пад на потрошувачката и приходите во многу кинески компании.
Аналитичарите проценуваат дека ширењето на коронавирусот може да ја намали побарувачката за нафта во првото тримесечје од годината за 250.00 барели дневно и да ја закочи цената на нафтата , веќе притисната од сериозната понуда.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер