Македонија
23. May 2018 - 10:14

Четири дена одмор, а потоа следува уште еден споен викенд за Македонците

Многу слободни денови во кои ќе можеме да уживаме се пред нас. Уште веднаш може да си испланирате некое патување за време на слободниот викенд. Утре и задутре, односно четврток и петок се неработни денови за Македонците, поради празниците кои ни претстојат. Среда, 23. мај е неработен ден за припадниците на влашката заедница во Македонија. Следниот неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е 15. јуни, петок, Рамазан Бајрам. Со тоа добиваме уште три неработни денови во кои ќе може да уживаме.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик