Фудбал
28. October 2016 - 16:09

Четири дена фудбал во шпанската Примера

 
 
  Во фудбалскиот шампионат на Шпанија, почнувајќи од вечерва, па се до понеделник ќе се играат натпреварите од 10.коло во Примера.
 
На отврањето, вечерва ќе играат Леганес и Сосиедад .
 
Четирите првопласирани екипи своите средби од оваа рунда ќе ги играат утре (сабота), а двојкуте се: Спортинг Хихон – Севиља, Алавез - Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Малага и Барселона – Гранада. 
 
За во недела закажани се натпреварите: Еибар – Виљареал, Атлетик Билбао – Осасуна, Бетис – Еспањол и Лас Палмас - Селта Виго, додека колото ќе го заокружат Депортиво Ла Коруња и Валенсија со натпреварот кој ќе се игра во понеделник. 
 
Табела: Реал Мадрид 21 бод, Севиља 20, Барселона 20, Виљареал 19, Атлетико Мадрид 18,...