Македонија
23. January 2020 - 15:18

Четири деца со симптоми на грип хоспитализирани на Детската клиника

На Универзитетската Клиника за детски болести во моментов се хоспитализирани четири деца со симптоми на грип, информираат од таа јавна здравствена установа.

Децата, како што посочуваат, се на возраст од една до седум години и меѓу нив нема тешко болни, ниту во животозагрозувачка состојба.