-->
-->
Четири деца настрадаа во пожар во трговски центар во град во Сибир
-->
Во трговскиот центар во сибирскиот град Кемеровo денеска изби пожар, во кој загинаа четири деца, а неколку лица се повредени.
- Телата на четири деца се пронајдени во зградата на трговскиот центар во пламен, изјави неименуван извор од Службата за вонредни ситуации за руската агенција ТАСС.
Локалните медиуми наведуваат дека пожарот избувнал на четвртиот кат, каде се наоѓаат кината и детскиот забавен центар. Според истиот неименуван извор, пожарникарите спасиле 10 лица, додека уште 50 успеале да излезат од трговскиот центар.
Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата