Чествување на св. Климент Охридски во пресрет на утрешниот празник
Во пресрет на утрешниот државен празник Св. Климент Охридски, вечер од 18.30 часот во Македонскиот народен театар свечена академија ќе одржи Македонската православна црква под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија.
Ќе се обратат архиепископот г.г. Стефан и премиерот Зоран Заев, а во музичкиот дел ќе настапи Гудачкиот квартет при Македонската филхармонија.
Со повеќе активности денеска својот патронат ќе го чествува и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, каде што ќе се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Делегација од Владата на РМ предводена од министерот за култура Алаѓозовски ќе положи цвеќе пред споменикот на св. Климент на платото пред Библиотеката.
По повод патронатот, НУБ ќе организира пригодна изложба за 110 години од раѓањето на Митко Зафировски, директор на оваа институција од 1951 до 1973 година, а ќе отвори и изложба „Ликот на св.Климент низ современата уметничка призма“.
Својот патронат денеска со читање ќе го одбележи и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“-Скопје, а празнична манифестација „Моќта на буквите“ напладне ќе организира Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола.
Кинотеката на Македонија по повод празникот вечер од 20 часот ќе го прикаже филмот „Охридскиот светилник - Климент Охридски“, а предавање на тема „За основите на етиката на св. Климент Охридски“ во ЕУ Инфоцентар од 19 часот ќе одржи д-р Дејан Донев од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет.
Во Собранието на Република Македонија утре свечено ќе биде доделана државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца