Чествување на македонскиот јазик во Романија
На 7 декември, во Музејот на романската литература во Букурешт, Романија, ќе
биде одбележан Денот на македонскиот јазик.
На иницијатива на Амбасадата на Р.С. Македонија во Романија, лекторката по
македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт – Елена Ѓорѓиовска и
филологот по романски јазик и книжевност Теа Теохаревска-Иванова, во фокусот на
ова одбележување на Денот на македонскиот јазик ќе биде стогодишнината од
раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.
На настанот за првпат ќе се читаат и нови препеви на поезијата на Шопов на
романски јазик во препев на студентите од Лекторатот за македонски јазик. Ќе биде
прочитана и поезија од други македонски и романски поетеси и поети, на македонски,
на романски и на англиски јазик.
Присутните, покрај тоа што ќе уживаат во книжевната програма збогатена со музика,
ќе можат да вкусат и дел од македоснките кулинарски специјалитети. Во организација
на „Слоу Фуд Македонија“, во рамките на настанот ќе биде реалзирана и дегустација
на македонски вина и сирења од малите македонски производители. Ќе биде
прикажан и туристички филм за Скопје, во продукција на Агенцијата за промоција и
поддршка на туризмот.
Да потсетиме, Денот на македонскиот јазик во Романија – 8 Декември, се одбележува
од 2018 година. Датумот е поврзан со денот кога Македонската православна црква го
одбележува својот патрон св. Климент Охридски-Чудотворец, кој е прв македонски
архиепископ, товрец на познтата Охридска книжевна школа и најзначаен македонски
средновековен писател и педагог.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите