Македонија
6. May 2019 - 16:40

Честитки до Пендаровски од меѓународната заедница

Северна Македонија избра прозападен претседател. Вака известуваат светските медиуми за вчерашната победа на кандидатот на владеачката коалиција. Во грчките медиуми, новиот шеф на државата,  Пендаровски,  се опишува како силен поддржувач на Преспанскиот договор. Катимерини оценува дека изборниот резултат ги потврди  владините политики за промена на името и евроатланстките  аспирации. Државната ЕРТ ја објави пораката на Пендаровски дека  во идниотт мандат ке биде престедател на сите грагани во земјата, независно од нивната партиска наклонетост и етничка припадност. Франс Прес  во анализата псочува дека  ваквиот исход помага во стабилизирање на курсот на владата на премиерот Заев. Се нагласува и одлучувачката улога која албанските гласови ја имаа во вториот изборен круг.

Британскиот Гардијан  се согласува дека победата на Пендаровски е ветер во грб на власта , која , како се вели,  се надева на почеток на преворите со ЕУ и влез во НАТО.  И германскиот Шпигел информира за победата на Пендаровски, оценувајки ја како победа на европскиот пат на земјата.

На тоа се надева и  еврокомесарот ХАн , кој преку твитер му порача на новиот престедател дека со нетрпение очекува соработка на ЕУ агендата.  Честитки до Пендаровски упати и генералниот секретар на НАТО, со надеж дека заедно ке работатат земјава да стане членка на Алијнсата.