Македонија
2. August 2017 - 17:24

Честитка за Илинден од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најголемиот празник на нашата татковина, Илинден.

- Големиот македонски празник Илинден претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес ние да живееме во слободна и независна Република Македонија. На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија, се вели во честитката.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упатува повик до сите граѓани на Република Македонија и до сите политичари да работат за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваат државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија. 

- Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост бидејќи се Македонци. Нека е честит и вековит празникот, стои во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.