Честитка по повод Рамазан Бајрам од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи по повод по повод празникот Рамазан Бајрам.
- Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, стои во честитката.
Во неа се додава дека празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
- Големата духовна сила и цврстата волја, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество, се наведува во честитката.
Во честитката се посакува добро здравје, расположение и среќа
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата