Македонија
24. September 2015 - 17:00

Честитка по повод Курбан Бајрам од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита верскиот празник Курбан Бајрам.

- Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните  вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Радоста и хармонијата на семејството се највредната работа која секој поединец ја посакува. Нека овие празници бидат можност одново да се зацврстат семејните вредности во нашето мултиетничко и мутиконфесионално општество, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Различноста во религиите, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, е богатството на нашата земја и придонесува за поголем напредок и меѓусебно разбирање и толеранција.

- Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија.Во духот на овие вредности на сите верници од исламска вероисповест им го честитаме големиот празник и им посакуваме многу успеси и напредок, бидејќи личниот напредок значи и придонес за нашата татковина Република Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во честитката.