Честитка од Заев по повод Националниот ден на Власите
Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.
- На сите граѓани од влашката заедница во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го честитам денешниот Националen ден на Власите. Ја преземаме обврската, заедно со сите граѓани, вклучувајки ве подеднакво и вас Власите, да градиме едно општество, на еднакви граѓани, што ја движи Македонија кон напредна и стабилна иднина, се вели во честитката.
Влашката заедница во Македонија, се посочува во честитката, активно е вклучена во отворањето перспективи за сите граѓани, преку придонесот на демократски, економски, културен, општетствен план и тоа многу помага кон развој на заедништвото како успешен концепт за унитарна Македонија.
- Да се посветиме уште посилно на развивањето на меѓусебните односи, негувањето меѓусебна толеранција, почит кон богатството на традициите и различностите, што претставува значајна придобивка и за идните генерации во Македонија. Македонија е на патот на демократските промени што ќе овозможат тоа да се случи, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи