Македонија
23. May 2017 - 11:59

Честитка од Заев по повод Националниот ден на Власите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.

- На сите граѓани од влашката заедница во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го честитам денешниот Националen ден на Власите. Ја преземаме обврската, заедно со сите граѓани, вклучувајки ве подеднакво и вас Власите, да градиме едно општество, на еднакви граѓани, што ја движи Македонија кон напредна и стабилна иднина, се вели во честитката.

Влашката заедница во Македонија, се посочува во честитката, активно е вклучена во отворањето перспективи за сите граѓани, преку придонесот на демократски, економски, културен, општетствен план и тоа многу помага кон развој на заедништвото како успешен концепт за унитарна Македонија.

- Да се посветиме уште посилно на развивањето на меѓусебните односи, негувањето меѓусебна толеранција, почит кон богатството на традициите и различностите, што претставува значајна придобивка и за идните генерации во Македонија. Македонија е на патот на демократските промени што ќе овозможат тоа да се случи, стои во честитката.