Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам
ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
- Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето општество, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
На сите верници од муслиманска вероисповест, ВМРО-ДПМНЕ им посакува празникот Рамазан Бајрам да го поминат во спокојна и радосна атмосфера со своите ближни, во моменти на благосостојба, затоа што, како што се наведува, личната благосостојба и успех се основата на просперитетот на една држава како целина.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто