Македонија
11. October 2015 - 18:23

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 11 Октомври

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за 11 Октомври во која им го честита Денот на народното востание на сите граѓани на Република Македонија.

- 11 Октомври е денот кој прерасна во еден од симболите што го отсликува македонскиот непокор и сонот за слобода на татковината. Генерациите низ вековите сонуваа за слободата, за конечно да се изборат и ние да ја живееме. Борците кои со своите идеали и саможртва се изборија за слободата и достоинството на македонскиот народ и држава, се оние кои се должни за почит од нас и од идните поколенија. Ние мораме да го чуваме аманетот што ни го оставија, а тоа е да ги продолжиме нивната голема мисла и дело, се наведува во честитката.