Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската азбука
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на припадниците од албанската етничка заедница кои живеат во Република Македонија им го честита Денот на албанската азбука.
- Основните карактеристики по кои се разликува еден народ од друг се азбуката и писменоста. Тие се и одлика на цивилизациските постигнувања, израз на верувањата, традициите и заедништво преку кои се гради колективната свест. Наша заложба е да ги почитуваме различностите и да продолжиме да ги негуваме толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија. Наша е придобивката ако гледаме во различностите како можност за учење на нешто ново, се вели во честитката.
Со одбележување на овој празник, стои во честитката, уште еднаш ги потврдуваме нашите заеднички заложби за соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија.
- Убеден сум дека албанската етничка заедница, но и останатите заедници имаат свој придонес кон развој и напредок на нашата држава, се вели во честитката.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп